Во Минхен продолжуваат со најавената електрификација на своите модели, а на друштвото на хибридните модели ќе се придружи и моделот X3, зад чиишто ознаки xDrive30e се крие plug in хибридна погонска комбинација.
Дволитарскиот четирицилиндричен турбо бензин мотор со 184 коњски сили е во комбинација со електричниот мотор од 109 коњски сили.
Новото BMW има осумстепен автоматски менувач, 292 коњски сили и 420 Nm максимален вртежен момент.
Целта на хибридните модели е да се заштеди бензин, а во тој контекст од BMW тврдат дека X3 xDrive30e за 100 км. троши 2,2 до 2,8 литри бензин.
Единствената маана е што новиот BMW има помалку место за багаж, затоа што позади е сместена батеријата од 12 kWh.
Без користење на моторот со внатрешно согорување, SUV може да помине до 46 километри, а за полнење на батериите преку обичен штекер потребни се помалку од 6 часа.
BMW ќе започне да се произведува наредниот месец во фабриката во Спартанбург во САД, а првите примероци треба да бидат готови во првиот квартал од наредната година.
Во подготовка е и iX3 кој ќе биде целосно електричен модел.