Работно Време: Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

About Us

Кои сме ние?



ММоторс



Компанијата е формирана поттикната од страста кон автомобилите на тимот кој стои зад неа. Заеднички заклучивме дека страста кон автомобилите никој не може и не смее да ја ограничи само на еден бренд. Затоа, сакаме пред клиентите да претставиме еден нов концепт на продажба на луксузни и премиум автомобилски брендови.




Сигурни сме дека ќе ги исполниме желбите и на најпребирливите, бидејќи не сме ограничени со брендовите. Кај нас, никогаш нема да го видите продавачот кој ќе се обиде да Ве убеди да го купите брендот за кој тој работи. Напротив, кај нас, продавачот се води од Вашите желби и страсти за да Ви го обезбеди автомобилот кој најдобро ќе ви „легне на душа“.
Оној кој има страст за автомобили, не може и не смее да ја задоволи само со еден бренд на автомобили.

Кај нас, не функционира вообичаениот начин на продажба на автомобили. Но, ако веќе сте не посетиле, тоа значи дека вие не барате вообичаен автомобил.