Работно Време: Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

Најевтиното електрично Porsche чини над 100.000 евра – што нуди за тие пари?

06.11.2019

Поимот „достапен автомобил“ треба да се земе со резерва кога станува збор за Porsche, со оглед на тоа дека почетната цена за Taycan во Германија сега е 105.607 евра.

Се работи за моделот Taycan 4S, а се нуди во две изведби.

Послабата, Performance со батерија од 79,2 kWh остварува до 390 kW (530 коњски сили), а помоќната Performance Plus со батерија од 93,4 kWh до 420 kW (571 коњски сили).

Во превод, тоа значи дека и основната изведба е помоќна од еден 911 GT3.

И во двата случаи, забрзува од 0 до 100 км/ч за 4 секунди и вози до 250 км/ч.

Досегот изнесува 407 километри кај послабата верзија и 463 километри кај верзијата со поголема батерија.

Максималната моќност на полнење изнесува 225 kW (Performance), односно 270 kW (Performance Plus).

Објавено на: 06.11.2019